Основното училиште Рајко Жинзифов од горно Оризари, заедно со учениците од прво до трето одделение и еколошкото друштво Вила Зора , го одбележаа денот на пролетта со организирана акција за собирање ПЕТ амбалажа. Учениците кои учествуваа во акцијата беа одбележани со маици и капи со логото на друштвото. Во акцијата беше собрана голема количина на ПЕТ амбалажа.