ЕД Вила Зора новости ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

Процесот на деконтаминација на почвата во општина Велес(ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА) продолжи и оваа година, во соработка со експерти од “Факултетот за земјоделски науки и храна” од Скопје и Ј.К.П.”Дервен”.

Покрј двете парцели кои веќе се деконтаминираа, беше засадена и уште една парцела во близина на Ј.К.П.”Дервен”. За деконтаминирање на оваа парцела беше употребена пченка, која исто така се смета за успешен деконтаминатор на загадени површини, но ние сакаме да ја испитаме нејзината моќ за прочистување на почвата од тешки метали и да ја споредиме со луцерката и белата детелина кои веќе три години деконтаминираат во дворот на О.У.”Васил Главинов” и во плацот на ЕСМ.

На старите локации, оваа пролет беа засеени и семиња на маслодајна репка, која врз основа на литературата е една од најсилните деконтаминатори.

Следниот месец ги очекуваме новите резултати од абсорпционата моќ на растенијата и првите анализи за тоа колку тешки метали имаме останато во почвата после три годишното деконтаминирање на почвата со луцерка и бела детелина. Испитувањата се вршат во акредитирана лабораторија во Скопје, во целосна соработка со проф.др.Тања Прентовиќ и проф.др.Тања Миткова од “Факултетот за земјоделски науки и храна”..

Оваа фаза од деконтаминирањето на почвата во целост е поддржана од Humane Earth Foundation.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Резултати од почвата во ВелесРезултати од почвата во Велес

Е.Д.Вила Зора заедно со експерти од ПМФ во Скопје, извршија мерење на загаденоста на почвата во Велес. Во централното градско подрчје, во Градскиот и Младинскиот парк во Велес, на длабочина од

Поставување на нови мерни станициПоставување на нови мерни станици

За да можеме да го следиме загадувањето на дневна основа и исто така да измериме од каде потекнува загадувањето ЕД Вила Зора во соработка со ИНФО ПРОЕКТ на територијата на

Расадник за зимзелени дрвцаРасадник за зимзелени дрвца

Во сегашниот свет во кој живееме, многу е важно да преземеме максимални чекори за да го вратиме нашиот еко-систем. Расадниците помагаат да се осигура дека постои конзистентен метод за зачувување