На ден 14.09.2019 година, на плоштад Скендербег во Скопје , се одржа настан со наслов„ Ден на граѓанските организации“, организиран од Цивика Мобилитас, на кој Еколошкото друштво Вила Зора се претстави со изложување на информативен материјал и ракотворби. Ракотворбите беа изработени од вредните раце на ученици од повеќе основни и средни училишта во Велес.


На настанот беа присутни над 80 граѓански организации каде што можеа да се разменат искуства и информации за полето на нивно делување, постигнатите резултати, можност за соработка и слично. Присутните на настанот можеа да учествуваат во разни активности како: неформални игри, еко работилници, обуки, квизови и слично.