Презентирани две Стратегии пред совет на Општина Велес

Еколошко друштво Вила Зора од Велес пред почеток на денешната 10 та по ред седница, пред сите советници , ги презентираше подготвените две стратегии и тоа :

  • Статегија за деконтаминација на почва – Во Стратегијата за деконтаминација главна препорака е донесувањето на Правилник со што ќе се изврши контрола на загадувањето и дефинирање на степенот на загадувањето на веќе загадените региони.
  • Стратегија за соработка на граѓанските организации – Стратегијата има за цел активно да бидат вклучени активните но и пасивните членови на граѓанските организации ,одговорните институции, бизнис секторот, локалните институции, експертите и граѓаните во остварување на главната цел –силен граѓански сектор,активни граѓани и добра соработка со властите.

Стратегијата за развој на граѓанските организации е резултат на соработка на
следните организации :
Еколошко Друштво “Вила Зора” –Велес
Извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес
Фондација” Фокус” -Велес
Здружение” Активо” -Велес
“Друштво за грижа на здраво поколение”- Велес

Презентациите се однесуваа на причините за изработка на двете стратегии, проблемите кој треба да се решат и препораки за следни чекори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts