ЗА НАС

ЕД „Вила Зора“

Целокупните активности на ЕД „Вила Зора“ Велес се во склад со потребите на граѓаните и активистите на Градот Велес во насока на заштита на неговата околина. Активностите се насочени во делот на едукација, заштита и превентива на животната средина и решавање на еколошките проблеми кои се наталожени години наназад. Како одминуваа годините оваа организација продуцираше голем број на едуцирани активисти и борци за здрава животна средина.

Нашиот најголем успех

Организацијата започна поорганизирано дејствување и покажа конкретни резултати. Остварување на првобитната мисија затворање на најголемиот загадувач Топоилницата и борбата во периодот од 1989-2005 е нашиот најголемиот успех. Нашиот активизам беше насочен кон градење капацитети на константен отпор против загадувачот кој започна со десетици луѓе за после 16 години да биде масовен и дотогаш невиден  отпор кој броеше 20 000 жители на Велес.

Мисија и стратешки приоритети

Во остварување на нашата мисија и стратешки приоритети работиме со производители на храна (фармери), граѓаните, младите од Општина Велес во едуцирање и подигање на свеста во областа на животната средина. Преку вмрежување со слични граѓански организации ги прошируваме нашите активности и успешни модели и во други региони во Македонија.

Стратегија

Оваа стратегија како среднорочен план за делување на ЕД „Вила Зора“ е изготвена од членовите на друштвото, базирана на сознанијата добиени преку секојдневното директно комуницирање со граѓаните, престаниците од локалната власт, институциите, другите граѓански организации, и сите други засегнати страни со проблемите  од областа на животната средина. Погледнете ја нашата целокупна стратегија овде