ЕД Вила Зора новости Презентирани две Стратегии пред совет на Општина Велес

Презентирани две Стратегии пред совет на Општина Велес

Еколошко друштво Вила Зора од Велес пред почеток на денешната 10 та по ред седница, пред сите советници , ги презентираше подготвените две стратегии и тоа :

  • Статегија за деконтаминација на почва – Во Стратегијата за деконтаминација главна препорака е донесувањето на Правилник со што ќе се изврши контрола на загадувањето и дефинирање на степенот на загадувањето на веќе загадените региони.
  • Стратегија за соработка на граѓанските организации – Стратегијата има за цел активно да бидат вклучени активните но и пасивните членови на граѓанските организации ,одговорните институции, бизнис секторот, локалните институции, експертите и граѓаните во остварување на главната цел –силен граѓански сектор,активни граѓани и добра соработка со властите.

Стратегијата за развој на граѓанските организации е резултат на соработка на
следните организации :
Еколошко Друштво “Вила Зора” –Велес
Извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес
Фондација” Фокус” -Велес
Здружение” Активо” -Велес
“Друштво за грижа на здраво поколение”- Велес

Презентациите се однесуваа на причините за изработка на двете стратегии, проблемите кој треба да се решат и препораки за следни чекори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Средба на мрежата “Македонија без ГМО”Средба на мрежата “Македонија без ГМО”

На 17.10.2008 година, во Скопје се одржа средба на мрежата “Македонија без ГМО” на која учествуваа членките на оваа коалиција. На средбата беше претставена актуелната состојба околу активностите на граѓанските организации, членки

Расадник за зимзелени дрвцаРасадник за зимзелени дрвца

Во сегашниот свет во кој живееме, многу е важно да преземеме максимални чекори за да го вратиме нашиот еко-систем. Расадниците помагаат да се осигура дека постои конзистентен метод за зачувување