Фиторемедијацијата   -практично   решение за проблемот -загадување на почвата

ЕД” Вила Зора” спроведе повеќегодишни бројни истражувања и активности кои продолжија и во склоп на проектот „ Да ја заштитиме почвата од загадување“ поддржан од УСАИД. Се земаа примероци од почва на неколку длабочини од најзагадените подрачја.

Започнувајќи од 2005 година па се до 2009 година направени се анализи на почви од најзагадените подрачја на град Велес и започната е фиторемедијација со повеќе растенија како што се : луцерка, кељ, маслодајна репка и детелина.

Во периодот од 2010 – 2013 година како дел од фиторемедијацијата се посадени 7000 рози во градското подрачје.

Од 2015година до средината на 2019 година континуирано се земани примероци од околината на Велес и направена е деконтаминација на почва загадена со тешки метали на 5 хектари земјоделска површина.

Во текот на 2019 година ЕД „Вила Зора“ започнува со градење на Стратегија за деконтаминација на почва загадена со тешки метали.

Резултатите од анализата на почвата пред и по деконтаминацијата :

Почва Олово Pb mg/kg 2019/ 2018 Кадмиум Cd(mg/kg) 2019/2018 Цинк Zn(mg/kg) 2019/2018
Длабочина
0-20cm
218,0(201,6)
+16,4
11,0(7,7)
 +3,3
312,0(230)
+82
Длабочина
20-40cm
82,7(195,2)
 -112,5
3,6(7,2)    
 -3,6
133,6(226)  
-96
Загаденост над
дозволеното 0-20cm
Х 6,4 пати /
Х 5,9 пати
Х 44 пати /
Х 30,8 пати
Х 3,8 пати /
Х 2,8 пати
Загаденост над дозволеното 20-40 cm Х 2,4 пати /
Х 5,7 пати
Х 14,4 пати /
Х 22,8 пати
Х 1,6 пати /
Х 2,7 пати
Интервентна
вредност
50 1 100
МДК 34 0,25 82