На ден 16.09.2020 ( Среда) во просториите на НВО зградата , Еколошко друштво Вила Зора и Националната коалиција за животна средина,  во рамките на   проектот „Еднаков пристап за ефективна правда “ одржа презентација на иницијативата покрената од советот на општина Велес. 

  Целта на презентацијата беше запознавање на граѓаните со досегашните преземени активности во врка со поставувањето на мерни станици во општина Велес.  На средбата презентирани беа механизмите и алатките   за бесплататна правна помош и правата на граѓаните за слободен  пристап  до информации од животна средина .

  На настанот се дискутираа горливите проблеми во однос на неконтролираното загадување на воздухот и  недостатокот на информации  за степенот на загадувањето.   На настанот присуствуваа  граѓани и претставници од повеќе медиуми . ​