ЕД Вила Зора новости Поставени корпи за таканаречен КОВИД-19 отпад

Поставени корпи за таканаречен КОВИД-19 отпад

Еднократните маски и ракавици претставуваат сериозна закана по здравјето на граѓаните доколку не се одлагаат соодветно. Честопати сме сведоци за расфрлените маски и ракавици на улиците и на зелените површини. Искористените маски и ракавици се потенцијално заразни, знаејќи гофактот дека има многу голем број асимптоматски случаи.

Еколошко друштво Вила Зора ја пласираше идејата за поставување на корпи специјализирани за еднократни маски и ракавици и благодарение на финансиската подршка од Општина Велес денес ја реализиравме активноста и поставивме корпи  на повеќе локации во градот.

Целта на проектот е да се придонесе во борбата против ширењето на коронавирусот преку соодветно одлагање на тн. КОВИД – 19 отпад и ублажувањето на последиците од пандемијата врз граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Акција за собирање ПЕТ амбалажа во ООУ ,,Рајко Жинзифов” – Г. Оризари, ВелесАкција за собирање ПЕТ амбалажа во ООУ ,,Рајко Жинзифов” – Г. Оризари, Велес

Еколошко друштво Вила Зора Велес денес го посети основното училиште Рајко Жинзифов во село Горно Оризари со цел да ја одбележи успешната акција за собирање ПЕТ амбалажа спроведена во текот

Формирање на мрежата “Македонија без ГМО”Формирање на мрежата “Македонија без ГМО”

На 01.11.2007 година во Велес, Првата ГМО слободна зона во Р.Македонија, беше одржана  конститутивната седница на мрежата “Македонија без ГМО” или “GMO free Macedonia”. Учесници на средбата и основачи на