ЕД Вила Зора новости Проект „Заштита од корупција“

Проект „Заштита од корупција“

Еколошко друштво “Вила Зора” и 8 граѓански организации од целата земја се обединија зад целта да придонесат кон намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства во локалните самоуправи со зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините и локалните институции и примена на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година. Предводени од Центарот за граѓански комуникации, мрежата на локални граѓански организации ја сочинуваат ЦИД Куманово, Мултикултура Тетово, МКЦ Битола, ЗИП институт Скопје, Новус Струмица, Рурална коалиција Кичево, ЕХО Штип и Вила Зора Велес.Проектот „Заштита од корупција“ што Центарот за граѓански комуникации го спроведува со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија се фокусира на 8 општини овозможувајќи да се работи на намалување на корупцијата во јавните набавки, во управувањето со јавните финансии и во испораката на дел од услугите на локално ниво, како и на градење на капацитетите на локалните граѓански организации и на медиумите, и воспоставување на јавно-приватниот дијалог со локалниот бизнис сектор. Градоначалниците на избраните 8 општини, Куманово, Тетово, Битола, Чаир, Струмица Кичево, Штип и Неготино, веќе ја изразија подготвеноста за вклучување во планираните активности преку потпишување на меморандуми за соработка со Центарот за граѓански комуникации. Еколошко друштво “Вила Зора”EcHO Educational Humanitarian OrganizationCenter for Intercultural Dialogue (CID)MKC BitolaZIP InstituteЦентар за истражувања и анализи НОВУС / Center for research and analysisMultikulturaRural Coalition – Рурална Коалиција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Сечата на ШС “Бабуна” во атарот на селото СујаклариСечата на ШС “Бабуна” во атарот на селото Сујаклари

Жителите на с.Сујаклари реагираат на сечата на ШС “Бабуна” во атарот на селото. Врз основа на реакциите, се сече млада шума која и така недостасува во околината на овие села.

БАЛКАНСКА МРЕЖА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО Е-ОТПАДБАЛКАНСКА МРЕЖА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО Е-ОТПАД

БАЛКАНСКА МРЕЖА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО Е-ОТПАД Е.Д.”ВИЛА ЗОРА” Е ИЗБРАНА ДА УЧЕСТВУВА ВО БАЛКАНСКАТА МРЕЖА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО Е-ОТПАД, ЗАЕДНО СО УШТЕ ДЕВЕТ ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД Р.МАКЕДОНИЈА.