ЕД Вила Зора Архива,новости Расадник за зимзелени дрвца

Расадник за зимзелени дрвца

Во сегашниот свет во кој живееме, многу е важно да преземеме максимални чекори за да го вратиме нашиот еко-систем. Расадниците помагаат да се осигура дека постои конзистентен метод за зачувување и промовирање на зелениот живот.

Водени од овој порив, Еколошко друштво Вила Зора со поддршка на Цивика мобилитас, подигна расадник за зимзелени дрвја каде има посадено над 800 садници. Дел од садниците ќе бидат наменети за донирање на локалните училишта и за зазеленување на јавните површини, а дел ќе се користат за продажба на граѓаните на Велес со што ќе ја обезбеди својата одржливост.

Долгорочна цел е да се користи расадникот како тренинг центар за младите генерации. Ова осигурува дека следната генерација млади екологисти ќе имаат можност да се запознаат со проблемите со кои се соочуваме како свет и дека се способни да се справат со овие прашања уште од мали нозе. Најголемата сила на ова е што идејата е благородна и луѓето се свесни за климатските предизвици со кои се соочуваме и се подготвени да помогнат или поддржат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕСДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

Процесот на деконтаминација на почвата во општина Велес(ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА) продолжи и оваа година, во соработка со експерти од “Факултетот за земјоделски науки и храна” од Скопје и Ј.К.П.”Дервен”. Покрј двете парцели кои веќе

Формирање на мрежата “Македонија без ГМО”Формирање на мрежата “Македонија без ГМО”

На 01.11.2007 година во Велес, Првата ГМО слободна зона во Р.Македонија, беше одржана  конститутивната седница на мрежата “Македонија без ГМО” или “GMO free Macedonia”. Учесници на средбата и основачи на