ЕД Вила Зора новости Средба на мрежата “Македонија без ГМО”

Средба на мрежата “Македонија без ГМО”

На 17.10.2008 година, во Скопје се одржа средба на мрежата “Македонија без ГМО” на која учествуваа членките на оваа коалиција.

На средбата беше претставена актуелната состојба околу активностите на граѓанските организации, членки на мрежата, за заштита на Р.Македонија од ГМО контаминацијата.

Во однос на начинот на функционирање на мрежата беше договорено, да се формира национален одбор и централна канцеларија која ќе ги координира активностите на мрежата. Во националниот одбор влегоа Е.Д. “Вила Зора”, Е.Д. “Еко-Свест”, Е.Д. “Калинка”, Е.Д. “Грашница” и “Здружение за грижа и воспитување на деца” , а за централна канцеларија  беше назначена канцеларијата на Вила Зора со мандат од 1 година.

Од страна на преставникот на “Биосфера” беше предложено во т.н. “зелен пакет” на прашања за кандидатите за Градоначалници да стои и прашањето “Дали го поддржуваат прогласувањето на ГМО слободна општина доколку би станале градоначалници на пролетните локални избори”.

 Врз основа на предлозите се донесе договор да се започна со

  1. Национална кампања за заштита од ГМО
  2. Вклучување на прашањето за кандидатите за Градоначалници на следните локални избори-Дали го поддржувате прогласувањето на Вашата општина за ГМО слободна зона?
  3. Да се создаде механизам за размена на податоци на членките
  4. Да cе контактира со медиумите и јавно да се зборува на темата
  5. Да иницира промена во Законот за ГМО за етикетирање на производите дали содржат ГМО-Еко-Свест

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Граѓанска анкета за ден без автомобилиГраѓанска анкета за ден без автомобили

Денес Еколошко друштво Вила Зора заедно со Велес бајкинг и Грин пауер учествуваа во спроведување на анкета по повод денот на пролетта, организирана од страна на Општина Велес со поддршка

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛСО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ Постои можност за деконтаминирање на почвата во велешко. На земјоделците во овој регион им се нуди можноста со засадување на маслодајна репка да извршат прочистување на загадената