ЕД Вила Зора новости Формирање на мрежата “Македонија без ГМО”

Формирање на мрежата “Македонија без ГМО”

На 01.11.2007 година во Велес, Првата ГМО слободна зона во Р.Македонија, беше одржана  конститутивната седница на мрежата “Македонија без ГМО” или “GMO free Macedonia”.

Учесници на средбата и основачи на мрежата беа ЕД ”Вила Зора”-Велес (Ненад Коциќ, Весна Кочова), ЗГ ”Еко-свест”-Скопје (Адријана Славкова), ЕД ”Планетум” – Струмица (Лазаров Александар), Федерација на фармери на Р.Македонија (Трајковски Бранко), Фондација ФОКУС – Велес (Весна Шкортова), Сојуз на здруженија на органски производители-БИОСАН (Тимова Љубица, Колев Горан).

Во однос на главните активности беше нагласено дека е потребно проширување на мрежата на целата територија на државата и вклучување  на сите граѓански организации и фондации.

Мисијата на мрежата е Заштита на Р.Македонија од контаминација со генетски модифицирани организми преку едукација, размена на искуства, лобирање, промовирање и развој на органското земјоделие и прогласување на ГМО слободни зони.

Беше потпишан Меморандумот за соработка од сите учесници на состанокот. Исто така беше предложен и Проглас до јавноста, кој после дадените корекции беше финален и подготвен за презентирање на планираната прес-конференција.

Идни активности на  мрежата:

1.    Обединување на организации од Р.Македонија што се занимаваат со проблемот на ГМО и воспоставување на ефективна мрежа на граѓански организации и фондации која ќе работи на заштита на Р.Mакедонија од ГМО во насока на мисијата;
2.    Промовирање на мрежата пред јавноста и надлежните институции;
3.    Изготвување проект за финансиско обезбедување на мрежата;
4.    Регистрирање на мрежата како правно тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛСО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ Постои можност за деконтаминирање на почвата во велешко. На земјоделците во овој регион им се нуди можноста со засадување на маслодајна репка да извршат прочистување на загадената

СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТОСВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Од 12-15 Мај 2008 година во Бон се одржа првиот светски Конгрес за иднината на храната и земјоделието. На него учествуваа преставници од  повеќе од 50 држави, кои ги презентираа своите

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕСДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

Процесот на деконтаминација на почвата во општина Велес(ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА) продолжи и оваа година, во соработка со експерти од “Факултетот за земјоделски науки и храна” од Скопје и Ј.К.П.”Дервен”. Покрј двете парцели кои веќе