ЕД Вила Зора новости Презентирани две Стратегии пред совет на Општина Велес

Презентирани две Стратегии пред совет на Општина Велес

Еколошко друштво Вила Зора од Велес пред почеток на денешната 10 та по ред седница, пред сите советници , ги презентираше подготвените две стратегии и тоа :

  • Статегија за деконтаминација на почва – Во Стратегијата за деконтаминација главна препорака е донесувањето на Правилник со што ќе се изврши контрола на загадувањето и дефинирање на степенот на загадувањето на веќе загадените региони.
  • Стратегија за соработка на граѓанските организации – Стратегијата има за цел активно да бидат вклучени активните но и пасивните членови на граѓанските организации ,одговорните институции, бизнис секторот, локалните институции, експертите и граѓаните во остварување на главната цел –силен граѓански сектор,активни граѓани и добра соработка со властите.

Стратегијата за развој на граѓанските организации е резултат на соработка на
следните организации :
Еколошко Друштво “Вила Зора” –Велес
Извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес
Фондација” Фокус” -Велес
Здружение” Активо” -Велес
“Друштво за грижа на здраво поколение”- Велес

Презентациите се однесуваа на причините за изработка на двете стратегии, проблемите кој треба да се решат и препораки за следни чекори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Најново истражување за набавките по училиштата со пари од родителите на ученицитеНајново истражување за набавките по училиштата со пари од родителите на учениците

Еколошко друштво Вила Зора во општина Неготино спроведе истражување за набавките по училиштата со пари од родителите на учениците