ЕД Вила Зора новости ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

Процесот на деконтаминација на почвата во општина Велес(ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА) продолжи и оваа година, во соработка со експерти од “Факултетот за земјоделски науки и храна” од Скопје и Ј.К.П.”Дервен”.

Покрј двете парцели кои веќе се деконтаминираа, беше засадена и уште една парцела во близина на Ј.К.П.”Дервен”. За деконтаминирање на оваа парцела беше употребена пченка, која исто така се смета за успешен деконтаминатор на загадени површини, но ние сакаме да ја испитаме нејзината моќ за прочистување на почвата од тешки метали и да ја споредиме со луцерката и белата детелина кои веќе три години деконтаминираат во дворот на О.У.”Васил Главинов” и во плацот на ЕСМ.

На старите локации, оваа пролет беа засеени и семиња на маслодајна репка, која врз основа на литературата е една од најсилните деконтаминатори.

Следниот месец ги очекуваме новите резултати од абсорпционата моќ на растенијата и првите анализи за тоа колку тешки метали имаме останато во почвата после три годишното деконтаминирање на почвата со луцерка и бела детелина. Испитувањата се вршат во акредитирана лабораторија во Скопје, во целосна соработка со проф.др.Тања Прентовиќ и проф.др.Тања Миткова од “Факултетот за земјоделски науки и храна”..

Оваа фаза од деконтаминирањето на почвата во целост е поддржана од Humane Earth Foundation.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Презентирани две Стратегии пред совет на Општина ВелесПрезентирани две Стратегии пред совет на Општина Велес

Еколошко друштво Вила Зора од Велес пред почеток на денешната 10 та по ред седница, пред сите советници , ги презентираше подготвените две стратегии и тоа : Статегија за деконтаминација

Граѓанска анкета за ден без автомобилиГраѓанска анкета за ден без автомобили

Денес Еколошко друштво Вила Зора заедно со Велес бајкинг и Грин пауер учествуваа во спроведување на анкета по повод денот на пролетта, организирана од страна на Општина Велес со поддршка

Одбележуван јубилејот 20 години Е.Д. “Вила Зора”-ВелесОдбележуван јубилејот 20 години Е.Д. “Вила Зора”-Велес

На 05 Јуни 2009 година во салата “Бели Мугри” во Велес беше одбележан јубилејот 20 години еколошко друштво “Вила Зора”-Велес. Ова е првата невладина организација во Р.Македонија, со еколошки предзнак,