ЕД Вила Зора новости СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Од 12-15 Мај 2008 година во Бон се одржа првиот светски Конгрес за иднината на храната и земјоделието. На него учествуваа преставници од  повеќе од 50 држави, кои ги презентираа своите активности во насока на зачувување на биодиверзитетот, заштитата од ГМО, развојот на органското земјоделство.

Првиот ден се одржа Фестивал на кој беше презентирана органска храна и органски производи и беа одржани демонстрации во Бон, на кои учествуваа  околу 6 000 демонстранти. Демонстарциите поминаа мирно и без инциденти и насилство. Бон беше центарот на отпорот против ГМО во Светот.

Следните денови се одржаа пленарни сесии на кои беа презентирани најновите научни сознанија околу развојот на органскотот земјоделие, влијанието на ГМО врз природата, како и активностите на одделни земји околу заштитата на био-диверзитетот.

На овој Конгрес како преставник на Еколошкото друштво “Вила Зора” учествуваше Ненад Коциќ, кој ги презентираше активностите на нашата организација и на мрежата “Македонија без ГМО” на пленарнара сесија и имаше самостојна презентација на активностите.

Преставниците на сите земји кои учествуваа на Конгресот се запознаа со активностите на “Вила Зора” и мрежата “Македонија без ГМО” и искажаа задоволство што една мала земја во Европа, преставува добар пример како треба граѓаните  да се борат против инвазијата од ГМО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Акција за собирање ПЕТ амбалажа во ООУ ,,Рајко Жинзифов” – Г. Оризари, ВелесАкција за собирање ПЕТ амбалажа во ООУ ,,Рајко Жинзифов” – Г. Оризари, Велес

Еколошко друштво Вила Зора Велес денес го посети основното училиште Рајко Жинзифов во село Горно Оризари со цел да ја одбележи успешната акција за собирање ПЕТ амбалажа спроведена во текот

Поставени корпи за таканаречен КОВИД-19 отпадПоставени корпи за таканаречен КОВИД-19 отпад

Еколошко друштво Вила Зора ја пласираше идејата за поставување на корпи специјализирани за еднократни маски и ракавици и благодарение на финансиската подршка од Општина Велес денес ја реализиравме активноста и

Средба на мрежата “Македонија без ГМО”Средба на мрежата “Македонија без ГМО”

На 17.10.2008 година, во Скопје се одржа средба на мрежата “Македонија без ГМО” на која учествуваа членките на оваа коалиција. На средбата беше претставена актуелната состојба околу активностите на граѓанските организации, членки