Учесници на средбата и основачи на мрежата беа ЕД ”Вила Зора”-Велес (Ненад Коциќ, Весна Кочова), ЗГ ”Еко-свест”-Скопје (Адријана Славкова), ЕД ”Планетум” – Струмица (Лазаров Александар), Федерација на фармери на Р.Македонија (Трајковски Бранко), Фондација ФОКУС – Велес (Весна Шкортова), Сојуз на здруженија на органски производители-БИОСАН (Тимова Љубица, Колев Горан).
Во однос на главните активности беше нагласено дека е потребно проширување на мрежата на целата територија на државата и вклучување на сите граѓански организации и фондации.
Мисијата на мрежата е Заштита на Р.Македонија од контаминација со генетски модифицирани организми преку едукација, размена на искуства, лобирање, промовирање и развој на органското земјоделие и прогласување на ГМО слободни зони.
Беше потпишан Меморандумот за соработка од сите учесници на состанокот. Исто така беше предложен и Проглас до јавноста, кој после дадените корекции беше финален и подготвен за презентирање на планираната прес-конференција.
Идни активности на мрежата:
1. Обединување на организации од Р.Македонија што се занимаваат со проблемот на ГМО и воспоставување на ефективна мрежа на граѓански организации и фондации која ќе работи на заштита на Р.Mакедонија од ГМО во насока на мисијата;
2. Промовирање на мрежата пред јавноста и надлежните институции;
3. Изготвување проект за финансиско обезбедување на мрежата;
4. Регистрирање на мрежата како правно тело.