ЕД Вила Зора новости ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС

 Процесот на деконтаминација на почвата во општина Велес(ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА) продолжи и оваа година, во соработка со експерти од “Факултетот за земјоделски науки и храна” од Скопје и Ј.К.П.”Дервен”.

 

Покрј двете парцели кои веќе се деконтаминираа, беше засадена и уште една парцела во близина на Ј.К.П.”Дервен”. За деконтаминирање на оваа парцела беше употребена пченка, која исто така се смета за успешен деконтаминатор на загадени површини, но ние сакаме да ја испитаме нејзината моќ за прочистување на почвата од тешки метали и да ја споредиме со луцерката и белата детелина кои веќе три години деконтаминираат во дворот на О.У.”Васил Главинов” и во плацот на ЕСМ.

На старите локации, оваа пролет беа засеени и семиња на маслодајна репка, која врз основа на литературата е една од најсилните деконтаминатори.

Следниот месец ги очекуваме новите резултати од абсорпционата моќ на растенијата и првите анализи за тоа колку тешки метали имаме останато во почвата после три годишното деконтаминирање на почвата со луцерка и бела детелина. Испитувањата се вршат во акредитирана лабораторија во Скопје, во целосна соработка со проф.др.Тања Прентовиќ и проф.др.Тања Миткова од “Факултетот за земјоделски науки и храна”..

Оваа фаза од деконтаминирањето на почвата во целост е поддржана од Humane Earth Foundation.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

Средба на мрежата “Македонија без ГМО”Средба на мрежата “Македонија без ГМО”

На 17.10.2008 година, во Скопје се одржа средба на мрежата “Македонија без ГМО” на која учествуваа членките на оваа коалиција. На средбата беше претставена актуелната состојба околу активностите на граѓанските организации, членки

ПовикПовик

Јавен повик за прибирање на понуди за избирање на физичко лице или фирма за изработка на њеб платформа за млади. Понудите може да се достават на маил: vilazora@vilazora.org.mk , ole_naumoska@yahoo.com

СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТОСВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Од 12-15 Мај 2008 година во Бон се одржа првиот светски Конгрес за иднината на храната и земјоделието. На него учествуваа преставници од  повеќе од 50 држави, кои ги презентираа своите