Расадник за зимзелени дрвца

Во сегашниот свет во кој живееме, многу е важно да преземеме максимални чекори за да го вратиме нашиот еко-систем. Расадниците помагаат да се осигура дека постои конзистентен метод за зачувување и промовирање на зелениот живот.

Водени од овој порив, Еколошко друштво Вила Зора со поддршка на Цивика мобилитас, подигна расадник за зимзелени дрвја каде има посадено над 800 садници. Дел од садниците ќе бидат наменети за донирање на локалните училишта и за зазеленување на јавните површини, а дел ќе се користат за продажба на граѓаните на Велес со што ќе ја обезбеди својата одржливост.

Долгорочна цел е да се користи расадникот како тренинг центар за младите генерации. Ова осигурува дека следната генерација млади екологисти ќе имаат можност да се запознаат со проблемите со кои се соочуваме како свет и дека се способни да се справат со овие прашања уште од мали нозе. Најголемата сила на ова е што идејата е благородна и луѓето се свесни за климатските предизвици со кои се соочуваме и се подготвени да помогнат или поддржат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛСО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ Постои можност за деконтаминирање на почвата во велешко. На земјоделците во овој регион им се нуди можноста со засадување на маслодајна репка да извршат прочистување на загадената

ОДИМЕ ПОНАТАМУОДИМЕ ПОНАТАМУ

ОВАА ГОДИНА, НА 5-ТИ ЈУНИ, БЕШЕ РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈА НА ЗЕЛЕНАТА КОАЛИЦИЈА, ЧИЈ ЧЛЕН Е И Е.Д.ВИЛА ЗОРА, СО ЦЕЛ ДА СЕ СОБЕРАТ ПОТРЕБНИТЕ 90.000МКД ЗА ДА ОТПОЧНЕ ТУЖБЕНИОТ ПРОЦЕС КОЈ