ЕД Вила Зора новости СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ИДНИНАТА НА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

Од 12-15 Мај 2008 година во Бон се одржа првиот светски Конгрес за иднината на храната и земјоделието. На него учествуваа преставници од  повеќе од 50 држави, кои ги презентираа своите активности во насока на зачувување на биодиверзитетот, заштитата од ГМО, развојот на органското земјоделство.

Првиот ден се одржа Фестивал на кој беше презентирана органска храна и органски производи и беа одржани демонстрации во Бон, на кои учествуваа  околу 6 000 демонстранти. Демонстарциите поминаа мирно и без инциденти и насилство. Бон беше центарот на отпорот против ГМО во Светот.

Следните денови се одржаа пленарни сесии на кои беа презентирани најновите научни сознанија околу развојот на органскотот земјоделие, влијанието на ГМО врз природата, како и активностите на одделни земји околу заштитата на био-диверзитетот.

На овој Конгрес како преставник на Еколошкото друштво “Вила Зора” учествуваше Ненад Коциќ, кој ги презентираше активностите на нашата организација и на мрежата “Македонија без ГМО” на пленарнара сесија и имаше самостојна презентација на активностите.

Преставниците на сите земји кои учествуваа на Конгресот се запознаа со активностите на “Вила Зора” и мрежата “Македонија без ГМО” и искажаа задоволство што една мала земја во Европа, преставува добар пример како треба граѓаните  да се борат против инвазијата од ГМО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related Posts

ТРЕТ ЗАВРШЕН ВЕЛОСИПЕДСКИ КРОСТРЕТ ЗАВРШЕН ВЕЛОСИПЕДСКИ КРОС

ЕД Вила Зора во соработка со основните училишта од Велес го одржа третиот завршен за оваа година велосипедски крос на кој учествуваа деца од сите основни училишта. Велосипедскиот крос беше

Средба на мрежата “Македонија без ГМО”Средба на мрежата “Македонија без ГМО”

На 17.10.2008 година, во Скопје се одржа средба на мрежата “Македонија без ГМО” на која учествуваа членките на оваа коалиција. На средбата беше претставена актуелната состојба околу активностите на граѓанските организации, членки